До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Мојсе Кин има само 16 години, а веќе се најде во потенцијален голем конфликт меѓу Јувентус и Манчестер Сити. Имено, италијанскиот Тутомеркато донесува дека Пеп Гвардиола е заинтересиран за овој одличен напаѓач, а Манчестер Сити може да го доведе за минимален надомест.
Овој црномурест напаѓач е роден во Верчели на 28 февруари 2000 година, а лани за У-17 екипата на Јувентус постигна 24 голови во 25 натпревари. Иако има само 16 години, во Торино се одлучија да го промовираат во Примавера младата екипа и да му дадат професионален договор, но во целата приказна влезе агентот на Кин. А тој се вика Мино Раиола.
Раиола инсистира на клаузула во договорот според што на Кин ќе ветат минутажа и некои други бонуси, а Јувентус не сака да потпише нешто што е различно од нивната политика кон младите играчи.
Преговорите почнаа уште на крајот на минатата сезона, но договор сеуште не е постигнат што работите се вистински кошмар за Јувентус.
Имено, како Кин нема професинален договор, слободен ќе замине во друг клуб, а Старата дама ќе добие само ФИФА надомест за развој.
Во целата приказна сега, наводно, влезе и Пеп Гвардиола. Манчестер Сити е спремен да го доведе Кин, а иако за богатите шеици парите не се проблем, со драга воља ќе заштедат…















