Дами и господа, кралот се врати! Федерер е новиот шампион на Австралија Опен!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Повеќе од три ипол часа драматична борба со бројни пресврти и на двете страни, со многу возбуда, Роџер Федерер го совлада Надал и е новиот шампион на Австралија!

35годишниот швајцарец го освои својот 18ти гренд слем во кариерата во 5 сета против Рафа Надал ( 6:4, 3:6, 6:1, 3:6, 6:3.

Во последниот сет Надал имаше водство од 0:2, но Федерер беше феноменален, спаси две брејк топки што ги имаше Надал во последниот сет и докажа дека е уште присутен на тениските терени.

Во првиот сет пресуден беше седмиот гем кога Федерер направи брејк и го зеде првиот сет, но во вториот жаровито врати Надал, заводе со убедливи 4:0 и беше јасно кој го носи вториот сет.

Во третиот сет друг Надал, Роџер убедлив со само 1 изгубен гем го освои сетот и дојде на сет до титула, но Надал возврати со 3:6 во четвртиот сет.

Натпреварот доаѓаше до крајот, Роџер изгуби свежина, побара пауза, ја доби се одмори, почна дуелот но некако лабаво Надал поведе со 2:0, многумина сметаа дека Федерер се откажа, но тој уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите на вселената, дека е легенда, дека е голем тенисер.

 

Тоа е тоа, Австралија Опен заврши, Федерер е шампион!