Данило прогласен за најдобар играч во Бразил за 2016. година


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Голманот на Чапекоенсе, Данило, кој почина во трагичната авионска несреќа е прогласен за најдобар играч на годината во Бразил.

Пред големата трагедија голманот беше клучен во походот на Чапекоенсе до финалето на Копа Судаамерикана, бидејќи со својата одлична интервенција во полуфиналето против Сан Лоренцо и тоа во 90. минута го однесе својот тим во финалето, што за жал никогаш нема да се одигра.

Наградата ја прими неговата мајка на церемонијата која се одржа во Рио де Жанеиро.

„Во името на Чапекоенсе, ви благодарам на сите за почитта и молитвите. Нека идните фудбалери кои доаѓаат да играат за овој тим бидат исто како оние што не напуштија“ изјави мајката на Данило.