Два погодоци во две минути и реми на Сан Паоло


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Во натпреварот помеѓу Наполи и Лацио кој се одигра на Сан Паоло завршни нерешено, 1:1.

    Од стартот на натпреварот домашните тргнаа да постигнат погодок. Драјс Мертенс се обиде, но беше непрецизен. Потоа Инсиње шутираше, Маркети го спаси голот. Почетните 0:0 останаа на полувреме. Почетокот на второто полувреме донесе закана од Имобиле на кој му беше одбранет ударот од Реина. Конечно во 52-ра минута долгоочекуваниот погодок на Сан Паоло кој беше дело на Марек Хамшик за водство на домашните, 1:0. Две минути подоцна Балде Кеита го израмни резултатот. По неколку минути и Хисај се обиде да го врати водството на Наполи со шут од далечина, но за Маркети тоа беше лесен плен. Резултатот до крајот на натпреварот не се промени и двата клуба ги поделија бодовите, 1:1.

    Лаци во следното коло ја пречекува Џенова, а Наполи му гостува на Удинезе.