Двајца играчи сигурно ја напуштаат Барса во јануари


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Јануарскиот преоден рок со нетрпение се очекува во најјаките европски лиги и сигурно и оваа зима ќе има неколку спектакуларни трансфери.

Европските великани веќе ги разгледуваат своите опции за преодниот зимски рок, а многу клубови тоа сигурно ќе го искористат за да направат промени.

Шпанските медиуми наведуваат дека во Барселона веќе одлучиле кои играчи ќе ги продадат како би ослободиле место во тимот.

Каталонски Спорт пренесува дела МунирЕл Хадади ја одбил можноста да го продолжи договорот и во јануари сигурно ќе го напушти тимот. Мунир со Барселона има договор до крајот на сезоната
и клубот најверојатно ќе сака нешто да заработи во јануари за овој играч да не си замине како слободен играч.

Покрај него екипата ќе ја напушти и Денис Суарез кој оваа сезона буквално се изгуби. Суарез уште летото имаше неколку понуди но одлучи да остане во тимот верувајќи дека ќе добие минутажа.

Но, тоа не се случи и веќе сега Суарез побара да го стават на трансфер листата.