Де Бур не можеше на побизарен начин да добие отказ


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Холандскиот стручнак Франк Де Бур денеска доби отказ на клупата на Интер после серија на лоши резултати.

    Де Бур е избран за тренер на Интер пред самиот почеток на оваа сезона кога оставка му е врачена на Манчини.

    Иако имаше добар старт во првенството во последно време Интер игра се полошо.

    После поразот од Сампдорија во неделата Де Бур денеска доби „нога“.

    Сепак, холандскиот стручнак е разочаран од начинот на кој доби отказ.

    Имено, челниците на Интер се одлучија да му врачат отказ и тоа преку Скајп.

    Иако во Интер беше само 85 денови тој заслужи лошите вести да му ги соопштат на поубав начин.

    Де Бур после отказот порача дека челниците на Интер требаше да му дадат малку повеќе време бидејќи беше невозможно да се направи нешто подобро кога е тука само 85 денови. Холандскиот стручнак немаше шанса ни да ги одработи подготовките со Интер пред новата сезона.