До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Холандскиот стручнак Франк Де Бур утрово доби отказ во Интер и повеќе не е тренер на славниот милански клуб.
Де Бур на клупата на Интер помина само 85 дена, а во првото обраќање на јавноста после завршувањето на својата епизода на Џузепе Меаца истакна дека му „требаше повеќе време“.
„Жал ми е што вака заврши. Ми требаше повеќе време за својот проект во Интер да го спроведам на дело. Благодарен сум на навивачите кои ми дадоа поддршка во овие месеци. Форза Интер“, напиша Де Бур на Твитер.
Де Бур во оваа сезона во 14 натпревари со Интер доживеа дури седум порази, што е навистина премногу за еден голем клуб кој во оваа сезона најавуваше враќање во врвот на италијанскиот фудбал.















