„Де Кујп„ распродаден до крајот на сезоната!

Во Ротердам трае еуфоријата, Фенорд ја игра најдобрата сезона овој век, секаде се бара карта повеќе за нивен натпревар.

Последен пат шампиони на Холандија беа во 98/99.

После тоа освоија еден УЕФА куп и 2 купа на Холандија.

Оваа сезона ветуваат. Уште 13 кола до крајот а имаат предност од 5 бодови пред вториот Ајакс.

Веќе нанижаа седум победи во низа, па еуфоријата во градот на морето во Холандија расте, уште 6 натпревари на домашен терен имаат, и картите за сите 6 натпревари се распродадени.