Де Рон ги шокира граѓаните во финишот, пресврт и прва победа за Сандерленд


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Првите четири натпревари од единаесетото коло од ПЛ се завршени.

    Во ова коло се изненадување, Сандерленд ја запиша првата победа оваа сезона. Победен беше Борнмут со 1:2. Гослинг после единаесет минути игра му донесе водство на Борнмут. Аничебе го израмни резултатот. Во второто полувреме Пиенар доби црвен картон, а потоа беше досуден пенал за гостите. Искусниот Џермејн Дефо беше сигурен од белата точка и му ја донесе првата победа на Сандерленд оваа сезона, 1:2.

    Барнли во последните моменти од натпреварот го совлада Критал Палас, 3:2. Фудбалерите на Барнли со погодоците на Вокс и Гудмундсон имаа водство од 2:0. Резервата Викхам само по влегувањето на терен го намали водството на Барнли. Погодокот за 2:2 го постигна Бентеке од белата точка. Барнс кој што влезе од клупата за резерви ги постави конечните 3:2 и големи три бода за Барнли.

    Само бод за Манчестер Сити на Етихад против Мидлзбро, 1:1. Стрелец на погодокот за граѓаните беше Агуеро, асистент Де Брујн. Во 92-ра минута Де Рон кој постигна погодок со глава го израмни резултатот и му донесе бод на Мидлзбро.

    Вест Хем на олимпискиот стадион во Лондон ремизираше против Стоук, 1:1. Двата погодоци беа видени во второто полувреме. Антонио ги израдува домашните навивачи, а резервата Кркиќ ги постави конечните 1:1.