Дебакл на Македонија во Гранада, Италија без мака против Лихтенштајн, Израел ја декласира Албанија


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Репрезентацијата на Македонија беше поразена од Шпанија со 4:0 во Гранада во натпревар од четвртото коло од квалификациите за СП 2018-та во Русија.

    Македонските фудбалери преку Велковски имаа огромна шанса за погодок, но Де Геа одбрани фантастично и ја спаси Шпанија од ужасен старт. Столе Димитриевски потоа му одбрани два пати на Алваро Мората. Во 34-та минута фудбалерите на репрезентацијата на Македонија капитулираа, нафрли Карвахал, а Дарко Велковски со глава постигна автогол. Витоло во второто полувреме со глава го зголеми водството на Шпанија, 2:0. Енис Барди од далечина испрати торпедо, но Де Геа не дозволи да прими гол на денешниот натпревар. Во период од една минута фудбалерите на Шпанија постигнаа два погодоци. Начо Монреал на асистенција на Карвахал го постигна третиот погодок за Шпанија. Ариц Адуриз ги постави конечните 4:0 во 84-та минута. Четврт пораз за репрезентацијата на Македонија во четири натпревари во групата. Следниот натпревар репрезентацијата на Македонија го игра против Лихтенштајн на гости, а Шпанија ќе игра на домашен терен против Израел.

    Израел против Албанија славеше со високи 0:3. Албанците останаа со два фудбалери помалку во натпреварот и тоа беше казнето. Захави од пенал му донесе водство на Израел. Потоа фудбалерот кој беше стрелец на првиот погодок промаши пенал. Еинбиндер и Атар ја осигураа големата победа на Израел, 0:3.

    Репрезентацијата на Италија го прегази Лихштенштајн со 0:4. Сите четири погодоци беа видени во првите 45 минути. Белоти постигна два погодоци, а по еден постигнаа Имобиле и Кандрева.

    Краветс му донесе победа на Украина на натпреварот против Финска, 1:0. Велс и Србија ги поделија бодовите, 1:1. Бејл стрелаше за Велс, а Митровиќ ја спаси Србија од пораз.