Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓
Во дерби натпреварот кој се одигра денес во Серија А помеѓу Интер и Јувентус заврши со победа на клубот од Џузепе Меаца со 2:1.
Првата посериозна шанса на натпреварот во првото полувреме ја видовме во 34-та минута кога Мауро Икарди ја погоди стативата. На полувреме се замина со 0:0. Во 66-та минута Стефан Лихштајнер ја затресе мрежата на Интер на асистенција на Алекс Сандро. Само 2 минути подоцна корнер за Интер и погодок на Мауро Икарди за израмнување. Иван Перишиќ во 78-ма минута со глава на асистенција на Мауро Икарди по втор пат ја затресе мрежата на Џанлуиџи Буфон. Евер Банега доби црвен картон во 90-та минута и фудбалерите на Интер останаа со еден фудбалер помалку. До крајот на натпреварот резултатот не се промени, 2:1.
Интер ја запиша втората победа, а Јувентус првиот пораз оваа сезона.