Дембеле за 20 милиони фунти се сели во англиската Премиерлига?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Одличниот француски напаѓач Муса Дембеле може во овој јануари да ја промени средината.

    За неговите услуги се интересираат бројни клубови, а се чини дека Ливерпул во јануарскиот преоден рок може да испрати и официјална понуда, пренесува Glasgow Live.

    Имено, Редсите според наводите на истиот извор се спремни да уплатат 20 милиони фунти на име оштета за овој одличен фудбалер со цел да го ангажираат.

    Да потсетиме дека тој во Селтик стигна од Фулам и дека сите ги воодушеви со своите партии во дресот на Селтик.

    Во оваа сезона одигра вкупно 27 мечеви за шкотската екипа и постигна 17 голови.