Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Реал во стил се извлече од кризата.
Депортиво денес поведе на Сантиаго Бернабеу, но подобро да не поведеше. Гостите на тој начин само го налутија домаќинот, па така примија седум гола до крајот на мечот.
Адријан во 23. минута после асистенцијата на Перез погоди за водство на тимот од Ла Коруња, а само девет минути подоцна Марсело по асистенцијата на Начо изедначи. Пред самиот крај на првиот дел Бејл го направи пресвртот и Реал водеше со 2:1 на полувреме.
Во продолжението на мечот на гостите им се случи вистински потоп. Екипата на Зидан играше како препородена а третиот гол го дадоа во 53. минута преку Бејл. Само 10 минути подоцна Лука Модриќ го постави резултатот 4:!, а во листата на стрелци конечно се запиша и Роналдо во 78 минута, а потоа и со втор погодок, шест минути подоцна, а конечни 7:1 ги постави Начо на две минути пред крајот.
Реал е сега 4. на табелата во Ла Лига со освоени 35 бодови, додека депортиво остана на 18. позиција со само 16 бодови.