До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Стоперот на Барселона Џерард Пике знае колку на Барса е важен саботниот натпревар против Реал Мадрид.
Во сабота се игра големото Ел Класико, а Барса пред своите навивачи ќе проба да го победи ривалот од Мадрид, екипа која сеуште не е поразена во Примера.
„Ова е поважен натпревар за нас отколку за нив. Ако победат, ќе отидат на девет бодови и ќе биде многу тешко“, рече Пике.
Реал Мадрид во минатиот викенд го победи Спротинг Хихон со 2:1, додека Барселона освои само бод наа гостувањето кај Реал Сосиедад.















