До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Сенегалецот Папе Суаре има само 26 години, а неговата професинална кариера наскоро може да биде завршена.
Дефанзивецот на Кристал Палас во септември доживеа тешка сообраќајна несреќа од која сеуште се опоравува.
Како што вели, процесот на рехабилитација оди добро, но неговото враќање на фудбалот е многу неизвесно.
„Нимам поим дали воопшто ќе можам да се вратам во фудбалот или ќе морам да ја завршам кариерата“, рече Суаре, и додаде:
„Во почетокот не можев ни да јадам. Сега веќе можам да јадам малку. Што се однесува до мојата нога, работам на нејзина засилување заедно со физиотерапевтот на клубот“.
Папе Суаре во Кристал Палас стигна од Лил во 2015 година, а во минатата година беше еден од најстабилните играчи во Премиерлигата со 34 одиграни натпревари.
При тешката несреќа, Сенегалецот ја скрши бутната коска и вилицата, а тогаш му се предвидуваше враќање за пола година.
Како што сега стојат работите, ќе биде добро ако воопшто се врати во фудбалот.















