До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Неколку промени на списокот на францускиот селектор во однос на претходниот.
„Триколорите“ последниот меч од квалификациите за Мундијалот во Русија во 2016 година ќе го одиграат против Шведска на Сен Дени на 11 ноември, а четири дена подоцна ќе одиграат и пријателски натпревар против Брегот на Слоновата Коска во Ленс.
Дидие Дешам денеска го соопшти списокот на кандидат за овие два меча и најголемо изненадување се изостанувањето на напаѓачотна мексикански Тигрес Жињак, кој се смета за љубимец уште од времето додека соработуваа во Олимпик од Марсеј, како и Марсијал, најверојатно поради тоа што менаџерот на Манчестер Јунајутед Жозе Мурињо само за него познати причини го остава на клупата.
Кога сме веќе кај напаѓачите, Александр Лаказет ништо не помага што ги решети мрежите на противничките мрежи во дресот на Олимпик Лион (9 голови во првите 11 кола во Лига 1), Дешам изгледа „не го гледа на мапата“.
Кога се работи за средниот ред, одбраната и голманите, се е повеќе-помалку очекувано.
Дешам неодамна изјави дека не смета на Патрис Евра бидејќи ќе биде „ветеран“ за Мундијалот во Русија, а во француската јавност е изненадена што младиот Адријен Рабио доби предност во однос на Јоан Кабај и Корентин Толисо.
Многумина се разочарани што нема ниту еден фудбалер од редовите на лидерот на францускиот шампионат Ница.
Messieurs, rendez-vous lundi au CNF de Clairefontaine! Au programme, la Suède et la Côte d’Ivoire ???? #FRASUE #FRACIV #FiersdetreBleus ???????? pic.twitter.com/OjHL50ihxX
— Equipe de France (@equipedefrance) November 3, 2016















