Дешан го враќа Бензема во селекцијата на Франција?


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Селекторот на Франција Дидие Дешан рече дека Карим Бензерма може да се врати во националниот тим.

    Напаѓачот на Реал го пропушти Европското првенство поради обвинувања дека имаше улога во обидот за уценување на соиграчот од селекцијата Матју Валбуена.

    „Што се однесува до мене, нема случај Бензема. Тоа е нешто што медиумите го креираа. Јасно е дека беше важен дел од екипата, а тогаш нешто се случи.

    Јас секогаш гледам што е најдобро за тимот и така ќе продолжам. Тоа не значи дека Бензема ќе биде во иста ситуација во која беше во последните месеци. На екипата оди добро, но ништо не е за постојано.

    Ако го повикам Бензема, тоа ќе биде затоа што сакам тој да игра. Исто е и за Евра“, рече Дешан.