До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Излив на бес на неговата сопруга следеше после силните критики.
Целосно ја загуби самодовербата, во 16 мечеви во сите натпреварувања, даде еден гол.
Игра лошо, никако да се вклопи во системот на Емери, а проблемот со неговата форма многу се одразува на резултатите на ПСЖ.
Неговата сопруга порача на критичарите во медиумите да гледаат „Дискавери“ ако не се задоволни, но поголем проблем е што во клубот не се баш среќни поради партиите на Аргентинецот.
Да потсетиме, Ди Марија е најскапо засилување во историјата на ПСЖ, заедно со Кавани.
Тоа што треба да се каже е дека понуда нема да недостасува, Аргентинецот го сака Анчелоти во Баерн, го гледа како идеално засилување за страните, а не се индиферентни ни италијанските клубови, но за нив „Ел Фидео“ може да гбиде прескап…















