Дибала откри од кого го прекопира изведувањето на слободни


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Фудбалерите на Јувентус синоќа со доста маки го совладаа Удинезе со 2:1 во мечот од 8 коло на италијанската Серија А.

    Старата дама на својот терен го дочека тимот од Удине со доста проблеми со повредени играчи.

    Алегри проба да направи некои промени во тимот, но се виде дека Јуве „пати“ на теренот.

    Иако гостите имаа предност, на крајот актуелниот шампион на Италија стигна до победа.

    Пресврт на домаќините донесе Пауло Дибала кој ги постигна двата гола за Старата дама.

    Посебно импресивен беше тој од слободен удар, а напаѓачот на Јувентус откри од кого учел изведување на слободни удари.

    „Доста време ги проучував слободните удари кои ги изведуваше Рикелме, но јас исто така ги следев и други играчи кои се познати по изведување на слободни удари. Сакам еден ден некој да каже за друг играч дека изведува слободни удари како Дибала“, рече Дибала.