Динамо Минск стои на патот на Работнички во второто коло од ЛЕ


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


 

 

Разликата во класи помеѓу Работнички и Три Пене беше евидентна, а тоа денеска „романтичарите“ го покажаа на тернинг центарот „Петар Милошевски“ и го прегазија тимот од Сан Марино со високи 6-0.

Пред почетокот на натпреварот Температурата во воздухот беше далеку од идеална, сонцето печеше силно, а 40-те степени целзјусови, можеби беа причината што и двете екипи почнаа досадно и бавно.  Како што одминуваше времето шансите се редеа за Работнички, за веќе во 28 минута Сахити да го отвори резултатот, а потоа се беше полесно и со првиот гол на Најднов во 43 минута, Работнички замина на полувреме со водство од 2-0

Во вториот дел уште еднаш Бојан Најднов блесна и го постина својот втор погоок на натпреварот, а во листата на стрелците се запишаа уште Марковски и Велинов кој стрелаше два пати за краток временски период.

„Сакам да им честитам на моите фудбалери, а кога го видов Бојан Најденов како спие во копачки во карантин, знаев дека ќе биде добро“ изјави Треневски по натпреварот.

Работнички во следното второ коло од ЛЕ, го пречекува тимот на Динамо Минск кој доаѓа во Скопје, следниот четврток на 13 јули.