Динамо попушти под притисокот на гигантите: Во јануари ја продава најголемата надеж


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Анте Чориќ е еден од најголемите таленти на Балканот, а наскоро кариерата може да ја продолжи во Премиерлигата.

    Имено, Ливерпул и Тотенхем се заинтересирани за услугите на младиот фудбалер на Динамо, открива порталот Скавка.

    Во својот иксклузивитет ценетиот портал тврди дека Модрите се одлучени да го продадат хрватскиот репрезентативец во јануари, како и тоа дека на Максимир силно се разочарани што Чориќ во август одби голема понуда од Манчестер Сити.

    Англискиот клуб беше спремен да ја плати оштетата, но тренерот Пеп Гвардиола сметаше дека младиот англиски играч за врска мора прво на позајмица.

    „Не е веројатно дека Сити ќе ја повтори понудата, но Чориќ се очекува во јануари да го напушти Динамо и да се пресели во Премиерлигата. Ливерпул го следи две години и секогаш е во контакт со неговите агенти, а Тотенхем се надева дека ќе помогнам добрите односи со Динамо, бидејќи уште во 2008 година го доведоа Лука Модриќ на Вајт Харт Лејн, се наведува во текстот.

     

    https://www.youtube.com/watch?v=qjUlKxBVQw0

    Во игра за доведување на 19-годишниот е и Евертон, кој сигурно може да понуди најголема минутажа.

    Инаку, оштетата не би требало да биде помала од 17 милиони евра, колку што и бараат од Загреб.