До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Един Џеко игра одлично, иако многу беше оспоруван. Прв стрелец е во Серија А, а веќе се најде на мета на Милан.
Росонерите сакаат значајно да го засилат тимот, а еден од приоритетите е и Дијамантот.
Сепак, конкуренцијата ќе имаат од Кина. Имено, за Џеко силно е заинтересиран Фабио Канаваро, поранешниот италијански репрезентативец кој го тренеира кинескиот Тианџин Куанџиан.
Наводно Кинезите се спремни да понудат на Рома 30 милиони евра, а на Џеко договор вреден 15 милиони евра годишно.
Примамлива понуда, но тешко е да се замисли дека Волчицата ќе се откаже од својата ѕвезда, но и Џеко да се пресели кога конечно влезе во одлична форма.















