До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Енди Мареј во овој момент е еден од најдобрите тенисери на светот, а како што сега стојат работите и ќе биде број еден.
Пред Британецот во овој момент е само Новак Ѓоковиќ.
Дваесет и девет годишниот тенисер вчера ја освои својата седма титула во оваа година, после што во финалето во Виена беше подобар од Џо Вилфред Цонга.
Сепак, Мареј е свесен дека ќе мора уште да работи и да вежба со цел да стане најдобар тенисер на светот.
Британецот шанса да стане број еден ќе има на завршниот мастерс во Париз, доколку го освои турнирот, а Ѓоковиќ не се пласира во финале.
„Се сум поблиску да станам најдобар, но уште е долг пат прд мене. Се чини дека многу мал исчекор од второто на првото место, но тој чекор е најтежок. Полесно е да стојам место и да скокнам на педесетто“, рече Мареј после освојувањето на Виена.
На Мареј е ова трета титула во низа, после што го освои Пекинг и Шангај, а од Роналд Гарос во јуни загуби само три меча.















