До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Добар дел од навивачите на Манчестер Јунајтед не се задоволни поради начинот на кој клубот го води Жозе.
Црвените ѓаволи играат очајно во оваа сезона, а на друштвените мрежи навивачите на тимот од Олд Трафорд готват интересен план.
На некој од наредните натпревари подготвуваат транспарент кој ќе лебди над Олд Трафорд, а на кој ќе биде јасна порака “Жозе Мурињо, заминувај“.
Јунајтед е моментално на осмото место во Премиер лигата со 15 бода, а веќе четири натпревари не знаат за победа во првенството.















