До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Италијанските медиуми неодамна најавија дека Јувентус ќе направи се за да го задржи Пауло Дибала, кој беше на мета на Барселона.
Тутоспорт тврди денеска дека договор е постигнат и дека одличниот напаѓач останува во Торино.
Младиот Аргентинец ќе стане трет најплатен играч на Јувентус и еден од тие со најголема плата на Апенините.
Имено, како што торинскиот весник открива Бепе Марота со агентот на Дибала се договори за продолжување на соработката до 2021 година, со зголемени примања од дури 50 %.
Тоа значи дека ќе заработува 4.5 милиони евра годишно во однос на досегашните три милиони.
Нормално, тука ќе бидат многубројни бонуси, а пред него ќе бидат неприкосновено Гонзало Игуаин со речиси 7.7 милиони евра годишно, и Миралем Пјаниќ со 5.5 милиони евра.
Дибала веќе некое време е на мета на Барселона и Старата дама не сака лесно да се откаже.
Поготово ако се знзе дека на Ноу Камп го гледаат како иделен наследник на Лионел Меси.
„Тутоспорт“ тврди дека продолжување на соработката ќе биде веројатно официјализирана до крајот на оваа недела.















