Другари мои, децата повеќе немаат татко..

    Голманот на Чапекоенсе, Марсело Бек не беше во авионот кој се урна во Колумбија туку остана дома не поради роденденот на својот син туку поради тоа што тренерот сакал така, а трагичната вест ја добил во три часот наутро.

    „Телефонот звонеше без престан во три наутро, а кога во тоа време звони ни најмалку не е добра вест. Кренав и тоа беа моите родители, на моето „ало“ тие рекоа „Фала Богу“. Потоа вклучил телевизија и ги видов првите слики, бев шокиран.“ – вели Марсело.

    Атмосферата како во градот кака и во целиот свет е тажна, светот е потресен по оваа трагедија.

    „Денеска Чапекоенсе умре заедно! Децата на тие луѓе повеќе немаат татко, пријателките на мојата сопруга повеќе немаат сродни души до нив. Многу жално! “ – додаде Марсело во солзи.