До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Во хрватските, но и во италијанските и островските медиуми, таквите најави веќе почнаа.
Зимата веќе е на прагот, а со неа ни стигнуваат и нови настапи за љубителите на фудбалот – зимскиот преоден рок.
На таа тема, хрватски ”Index” денеска обелодени неколку интересни информации.
Познавачите на изворите ид Италија и Англија, споменатиот портал истакнува дека Милан, односно Манчестер Сити се заинтересирани за двајца талентирани хрватски фудбалери и дека нивни трансфери може да се реализираат веќе во јануари.
Конкретно, Милан покажа интерес за 19-годишниот играч за врска на сплитски Хајдук Тома Башиќ, а новиот спортски директор на Росонерите Масимо Мирабели и лично се увери во квалитетите на овој фудбалер.
Кога е во прашање Манчестер Сити, Граѓаните ќе пазарат на Максимир. Наводно, во фокусот на нивното интересирање е уште еден деветнаесетгодишен, играчот за врска на Динамо Бојан Кнежевиќ, кого на Островот го забележаа после одличните настапи за јуниорската репрезентација на Хрватска против Англија.
Јануари е блиску, ќе видиме колку овие најави се реални, но очигледно е дека ниту едниот ниту другиот во оваа есен не се стандардни во своите клубови. Воглавно добиваат шанса од клупата за резерви.
Сепак, ако имаме во предвид каква работа Динамо во летото направи, ништо не е невозможно кога се тие во прашање…















