Енрике: Згрешив во врска со Видал!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Тренерот на Барселона, Луис Енрике изјави дека е изненаден од Алеиш Видал со игрите кои ги покажа против Лас Палмас каде и се запиша во листата на стрелци.

Видал беше во составот на Барса се до поразот од Алавеш во септември, потоа одигра само еден дуел во Купот против Херкулес.

Дури се пишуваше и дека овој месец ќе замине но неговите игри против Лас Палмас може да сменат се.

„Тренираше квалитетно и се врати во форма. Покажа дека згрешив во врска со него и ќе се бори за место во тимот. Беше одличен против Лас Палмас.“ – вели Енрике.