Еурофарм Работник нижи победи, Вардар Јуниор поразен од Радовиш

    Во македонската суперлига се одиграа два натпревари денес.

    Еурофарм Работник ја запиша втората победа по ред. Денес славеше на гостувањето во Прилеп со 19:25. Битолскиот клуб после првото полувреме имаше предност од 2 погодоци, 8:10. Гостите во вториот дел ја зголемија предноста и славеа со 19:25. Сергио Хенрике Монтеро Де Барос со 7 погодоци го предводеше Работник до победа. Мите Караиванов додаде 5 погодоци. Ѓорѓиевски Пеце и Теимураз со 6 погодоци беше најефикасни во тимот на Прилеп.

    Радовиш лесно го совлада Вардар Јуниор, 31:25. Уште од старт Радовиш доминираше во овој натпревар. Првото полувреме домашните ракометари го добија со 16:11. Вториот тим на Вардар и второто полувреме го одигра слабо и беа поразени со 31:25. Кај Радовиш Игор Милосављевиќ со 9 погодоци беше најефикасен. Кукуловски Дејан со 5 погодоци најмногу се истакна во тимот на Вардар Јуниор.