Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Ракометарите на Еурофарм Работник славеа со 35:32 против Прилеп во битолската сала Младост во натпревар од дванаесетото коло од македонската суперлига.
После првото полувреме битолчани имаа предност од два погодоци, 19:17. Гостите се обидуваа да се вратат во натпреварот и израмнија. Ракометарите на Еурофарм до крајот на натпреварот успеаа да направат предност која беше доволна за победа, 35:32.
Во следното коло Еурофарм Работник ќе му гостува на Борец, а Прилеп повторно ќе биде гостин, а нивниот следен противник е Тинекс Пролет.