„Жалам само за еден натпревар на Јунајтед“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Некогашниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Сер Алекс Фергусон, се одлучи да открие за што најмногу жали додека бил на клупата на Црвените ѓаволи.

    Фергусон пред неколку години се одлучи да се пензионира, и од тогаш почна агонијата на Манчестер Јунајтед кој никако не може да се врати во врвот на Премиер лигата.

    Шкотскиот стручнак со оваа екипа освои се што можеше да се освои, но постои една работа за која жали во својата долга кариера на Олд Трафорд.

    „Една работга за која жалам како тренер на Манчестер Јунајтед е што не бевме во финалето на Лигата на шампионите во 2002 година. Тогаш во полуфиналето испаднавме од Баер Леверкузен. Нема да верувате, но пред полуфиналето отидов во Глазгов каде што се играше финалето да видам кои хотели се најдобри за нас“, рече Фергусон, и додаде:

    „После што прегледав неколку хотели тргнав назад во Манчестер . Сам на себе си реков што е ова што го правиш. Ете, тогаш испаднавме во полуфиналето. Како да го урочив тимот за заминување во Глазгов“.

    Баер Лервекузен во финалето во 2002 година играше против Реал Мадрид, кралскиот клуб славеше со 2:1 после феноменалниот гол на Зидан.