ЗА ИСТОРИЈА: Најмладиот дебитант некогаш, со 13 години во резервниот тим на Селтик!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Запамете го ова име – Карамобо  Дембеле!

    Вечерва фудбалскиот клуб Селтик влезе во историјата! Младиот фудбалер, подобро речено детето по име Карамоко Делбеле дебитираше за резервите, во У20 тимот иако има само 13 години!

    Звучи неверојатно, но ова дете е член на селекцијата У 15, но е исклучително талентиран, па во клубот се одлучија да му дадат шанса во буквално седум години постартите и веќе оформени играчи.

    Тој во игра влезе во 81 минута на мечот против Харт и вечерва е апсолутен хит на островските медиуми, а за него очигледно допрва ќе се пишува во наредните денови, а ако вака продолжи, тогаш и во годините.

    А ако се прашувате поради што доби шанса да дебитира, погледнете во видео прилогот и запознајте го ова дете: