За мене постои само еден фудбалер за врска во светот


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Фудбалерот на Барселона, Нејмар за шпанските медиуми изјави дека за него постои само еден најдобар фудбалер за врска на сите времиња.

Бразилскиот репрезентативец изјави дека во својата кариера имаше шанса да игра со многу неверојатни фудбалери, но само еден успеа да му остави на него незборавен впечаток.

„Иниеста е најдобриот фудбалер за врска во светот. Тоа го кажувам поради неговите квалитети и се останато што поседува. Тој е неспоредлив со било кој бидејќи е многу поразличен. Тој поседува елеганција и класа која го разликува од останатите“, изјави Нејмар.