Заборавениот Зарате пронајде нов клуб?

Аргентинскиот фудбалер Мауро Зарате на почетокот на својата кариера доста ветуваше но сега едноставно го нема никаде.

После авантурата во ПЛ тој реши да се врати во Италија и тоа во Фиорентина но и овде го изгуби местото во првиот тим па во Јануари ќе мора да бара нов тим.

Од Фиренца известуваат дека понуди веќе има, и тоа од Болоња, а Фиорентина од овој играч може да заработи 1.8 милиони евра.

Зарате го покажа својот талент во Бирмингем а потоа и во Лацио, а преминот во Интер беше кобна грешка во неговата кариера.