До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Наполи ја запиша и третата победа во четвртото коло од италијанската Серија А. Под Везув падна Болоља, а домаќините славеа со 3:1.
Наполи поведе во 14 минута со погодокот со глава на Хозе Каљехон после одличното уфрлување на Лоренцо Исиње.
Болоња успеа да израмни во второто полувреме, а стрелец на одличен погодок од 30 метри беше Симоне Верди.
Победата на домаќините на Сан Паоло ја донесе Аркадиуш Милик кој после влегувањето во игра во 61 минута постигна два погодоци. Првиот во 67 минута, а потоа и за конечни 3:1 во 78 минута.
Гостите натпреварот го завршија со десетмина бидејќи во 81 исклучен е Емил Крафт.















