Закажан е одложениот дуел на Реал, Каталонците веќе се жалаат


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Немаше многу избор, но каталонските медиуми сметаат дека ова не е случајно.

Одложениот меч од Лигата на шампионите меѓу Селта и Реал Мадрид ќе биде одигран непосредно пред последното коло во мај месец.

Оваа вест ја потврди претседателот на Примера, инаку, деклариран навивач на Реал Мадрид – Хавиер Тебас.

Тој напомена дека поради згуснатиот распоред поради репрезентативната пауза, а потоа и поради настапот на Селта во ЛЕ и ЛШ, немаше многу избор.

Натпреварот Селта – Реал Мадрид е закажан за среда, 17 мај, само неколку дена пред последното коло кое е на програмата наредниот викенд.

Каталонските медиуми се незадоволни со овој факт и тврдат дека ова не е случајност, дека Реал во последната недела игра два натпревари, а трката за  титулата и понатака е отворена.

Реал во овој момент има два бода повеќе и меч помалку од Барса, во април ќе се одлучува за титулата, поради тоа што Мадриѓаните играат мечеви со Атлертико, Севиља и Барселона на свој терен, а Каталонците покрај Ел Класико ги очекува истотака дуел со екипата на Хорхе Сампаоли.