Звонимир Бобан подготвува фудбалска револуција


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Советникот на претседателот на ФИФА Џани Инфантино Звонимир Бобан е спремен да направи две големи промени во светскиот клупски фудбал.

    Првата промена се однесува на начинот на на награда за најдобриот играч на светот. После разделбата помеѓу Франс Фудбал и ФИФА, Бобан осмисли нова награда и треба наскоро да ја презентира својата идеја.

    Освен тоа, со Инфантино ја посети Барселона со која почна во обновување на нарушениот однос и се разговараше за реформите на Светското клупско првенство.

    ФИФА и клубовите тоа натпреварување го гледаат како фабрика за пари, но сегашниот формат не е премногу атрактивен и не ги дава посакуваните резултати.

    Идејата на Бобан е да осмисли нов турнир кој ќе се игра на секои две години почнувајќи од 2019 година. Светското клупско првенство ќе стане турнирско натпреварување со 16 или 24 клубови, а Европа и Јужна Америка ќе имаат по осум сигурни места.

    За тоа во наредниот период ќе има уште многу говор, а советодавниот одбор на ФИФА ќе се сретне во месец октомври кога работите можат да бидат појасни.