ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Во големата несреќа во близина на Меделин во Колумбија загинаа 76 луѓе, додека една личност почина во болница.
Преживеале вкупно пет лица и тоа тројца играчи Алан Рушел, Џексон Фолман и Хелио Нето, како и новинарот Рафаел Хензе и стујардесата Химена Суарез.
Повредите на тројца играчите се многу сериозни, а единствената позната дијагноза е на Рушел, кој е стабилен, но има малку потешки фрактури, и можно е по опорувањето да остане неподвижен.
Џексон и Хелио исто така имаат неколку фрактури, но дијагнозата не им е позната. Новинарот Рафаел има скршеница на левата нога и на градите.
Стујардесата Суарез е стабилна, но ќе остане под надзор некое време за да се отфрлат повредите опасни по живот.