Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Шкупи на стадионот во Ѓорче Петров го победија Работнички минимално во натпревар од 29-то коло во првата македонска фудбалска лига, 0:1.
Пред крајот на првото полувреме Бесар Исени го постигна победничкиот погодок за чаирчани. Во второто полувреме не беа затресени мрежите. Работнички имаше шанса преку пенал да постигне погодок за израмнување, но Зендели го одбрани ударот од белата точка на Ивановски.
Шкупи ќе остане седми, а Работнички на третата позиција.