Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан изјави денес дека неговиот тим во претстојниот натпревар во ЛШ против Борусија Дортмунд е како за влез во финале.
Реал Мадрид игра утре на Сантијаго Бернабе против Борусија Дортмунд, натпревар од последното коло од групната фаза во ЛШ. На актуелниот шампион му е потребна победа за прво место.
„Тоа за нас е финале. Ќе играме на наш терен, пред наши навивачи се надеваме дека ќе одиграме добро. Концентрирани сме на натпреварот. Ќе се обидеме да го освоиме првото место во групата. Ќе видиме како ќе можеме да им се спротиставиме, да дојдеме зад дефанзивците и рано да постигнеме погодок“, изјави Зидан.
На Реал му е доволен и бод за да го израмни клупскиот рекорд од 34 натпревари во низа без пораз.
За променливата форма на Карим Бензема, Зидан изјави дека добро тренира.
„Тој е добар фудбалер. Може да ни понуди многу повеќе, но тоа го може и остатокот на тимот. Во некои натпревари не ни треба повеќе од Карим Бензема, но тоа не ме загрижува. Тој напорно работи, има добар став на тренингот и се обидува да игра добро во секој натпревар“, изјави Зидан.
„Тој нема проблем, може да игра добро, а во некои натпревари неговата игра е под очекувањата. Можеби против Барселона очекувавме повеќе од него… Но, нема да судам за фудбалерот кој можеби имаше лош ден“, заклучи Зидан.