Зидан трпи критики, но овој податок покажува многу за играта на Реал


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Зинедин Зидан е на мета на критичарите во последните неколку недели, не може да се каже дека е оправдано.

    Реал Мадрид е лидер на табелата во Примера со еден бод повеќе од Севиља и два од Барселона, а во ЛШ е на делба на првото место со Борусија Дортмунд и без пораз се оваа сезона.

    Голем проблем на Реал му претставува ефикасноста на Кристијано Роналдо кој зад себе има најлош старт откако стигна во Мадрид.

    Сепак, од другата страна Реал Мадрид е тим кој направил најголем број на шанси пред противничкиот гол.

    Тимот на Зидан направил 152 шанси, а го следат Рома со 138, Ливерпул со 135, Јувентус со 125 и Баерн со 121.