До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
После првите две, позната и третата група.
ФИФА порано денеска ја објави првата група која ја предводи Кристијано Роналдо и втората на чело со Антоан Гризман.
Во раните попладневни часови објавена е и третата група по пет играчи, а неа ја предводи Златан Ибрахимовиќ.
Златан ги освои сите можни трофеи со Пари Сен Жермен а после како слободен играч премина во Манчестер Јунајтед.
Покрај него, тука е Левандовски кој како Ибра доминираше на домашната сцена, но во Германија, а покрај нив двајцата тука се по еден од најдобрите играчи за врска на Барса, Реал и Атлетико – Андрес Иниеста, Тони Крос и Коке.
Значи, првата половина на кандидати од 30 вкупно е позната, до крајот на денот стигнуваат и преостанатите три групи.















