До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Напаѓачот на Интер продолжува со одличните партии во оваа сезона.
Мауро Икарди вечерва постигна два погодоци и асистираше кај третиот во победата на Интер над Фиорентина со резултат 4:2.
Со тој учинок Икарди стана најмлад играч во сите најсилни лиги во Европа со заеднички збир од 16 – 12 голови и четири асистенции.
Икарди е на делба на првото место на листата на стрелци во Серија А со Един Џеко со 12 постигнати погодоци.
За споредба, Кристијано Роналдо даде 10 голови со две асистенции, а Меси 9 голови и две асистенции.
Во Премиер лигата најдобар стрелец е Диего Коиста со 10 голови и 4 асистенции, во Бундеслигата Пјер Емерик Обамејанг со 13 голови и една асистенција.
Во француската Лига 1, Единсон Кавани има 13 голови без ниту една асистенција.
Играчи со најдобар учинок во оваа сезона во петте најдобри лиги:
- Мауро Икарди – 16, 12 голови, 4 асистенции
- Един Џеко – 14, 12 голови, 2 асистенции
- Пјер – Емерик Обамејанг – 14, 13 голови, 1 асистенција
- Единсон Кавани – 13 голови, без асистенција
- Андреа Белоти – 13, 10 голови, 3 асистенции
- Антони Модесте – 13, 12 голови, 1 асистенција
- Кристијано Роналдо – 12, 10 голови, 2 асистенции
- Лионел Меси – 12, 9 голови, три асистенции















