Знаете ли која фудбалска ѕвезда одамна ja препозна Гатусо?


    Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


    Поранешниот фудбалер на Милан, а денес тренер на Пиза, Џенаро Гатусо даде интересна изјава за италијанските медиуми.

    Тема на разговор беше напаѓачот на Торино, Андреа Белоти за кој Гатусо пред неколку години изјави дека го потсетува на легендарниот Шевченко.

    Гатусо мислењето не го промени, а изјави дека е среќен што овој фудбалер израсна во еден од најдобрите напаѓачи во Италија.

    „Кога сме кај Белоти, спортскиот директор на Палермо, Џорџо Перинети и јас го доведовме во Палермо од Албинолефе, дадов изјава дека ме потсетува на Шевченко. Сите ми се смееа кога го пофалив, а сега се гледа за каков играч станува збор“, изјави Гатусо.

    „Ми беше задоволство да го тренирам. Тој е посебен фудбалер кој живее за да постигне погодок. Едноставно, таков е и никогаш не се откажува.“

    За оние кои не знаат, Џенаро Гатусо работеше како тренер во Палермо во сезоната 2013/2014 кога од Албинолефе на негово инсистирање стигна Андреа Белоти.

    Белоти израсна во еден од најдобрите напаѓачи во Серија А и моментално игра за Торино.