Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Англискиот чувар на мрежата, Џо Харт ова лето од екипата на Манчестер Сити се пресели во Торино.
Харт го напушти Сити по десет години, а причината беше доаѓањето на шпанскиот стратег, Пеп Гвардиола.
Гвардиола веднаш го ангажира голманот на Барселона, Клаудио Браво и беше јасно дека за Харт повеќе нема место во тимот. Овој одличен голман вели дека некои луѓе за него сметаат дека е бескорисен.
„Фудбалот е игра на мислење. Некои луѓе имаат големо мислење за мене, а некои мислат дека сум сосема бескорисен. За жал за мене, мислењето на еден од моите менаџери за мене не беше високо. Не бев прв голман и морав да побарам друг клуб“, изјави Харт.
„Да бидам искрен, не седев со 25 понуди пред мене. Торино беше добра понуда и во моментов е мојата единствена окупација“, додаде Харт.