И директорот на Јувентус го искоментира поништетниот погодок на Пјаниќ


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Во големото дерби на италијанското првенство одиграно за викендот Милан со минимални 1:0 го совлада Јувентус.

    Дуелот на Милан и Јувентус, освен победата на Росонерите, го одбележа и поништениот погодок на Миралем Пјаниќ.

    Многу прашина во италијанските медиуми се дигна поради споменатиот поништен погодок, а свој коментар денеска даде и генералниот директор Џузепе Марота.

    “Видовме неправда на Сан Сиро, а не протестиравме. На крајот од натпреварот разговарав со Рицоли и му реков што мислам за поништениот погодок. Не бараме изговори, Јувентус мора да победува дури и кога арбитражата не оди од рака“, изјави Марота.