И Мешков Брест падна – Душебаев и Борозан ги разнесоа белорусите


    Второ коло во ЛШ: Најголемото дерби се игра во Лондон! ↓↓↓


    Ракометарите на Вардар славеа во второто коло од групната фаза во салата Јане Сандански против Мешков Брест со 31:27.

    Белорусите од стартот ја презедоа иницијативата на натпреварот. Голманот Мијатовиќ имаше свој ден во првото полувреме. Најголемата предност им беше од три погодоци, 8:11. Вардарци до крајот на првиот дел успеаа да израмнат, 13:13. На стартот на вторите триесет минути од натпреварот ракометарите на Вардар направија серија од пет погодоци, 20:15. Вуко Борозан во тие моменти беше најдобриот играч на Вардар. Taa предност најмногу се зголеми до шест погодоци која Вардар ја имаше повеќе пати. Одличен погодок видовме Пред крајот на последните 2 минути од натпреварот, Мешков Брест намали на само два погодоци негатива, 29:27. Лука Циндриќ со својот погодок во последната минута го реши и прашањето на победникот на натпреварот, 30:27. Во последната секунда Душебаев го постигна деветиот негов погодок за конечни 31:27.

    Алекс Душебаев со 9 погодоци го предводеше Вардар до победа на овој натпревар. Топовскиот Вуко Борозан натпреварот го заврши со 7 погодоци. Лука Циндриќ и Тимур Дибиров постигнаа по 4 погодоци. Кај Мешков Брест, Растко Стојковиќ беше најефикасен со 8 погодоци.

    Вардар не запира со победничката серија, ова е втора победа за нив во ЛШ. Белорускиот клуб, Мешков Брест по прв пат беше поразен од македонскиот шампион оваа сезона. Прво на турнирот во Брест, Вардар беше поразен, а на стартот на СЕХА одиграа нерешено.