До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Покрај Јувентус, во проблем е и Рома.
Пишувавме порано денеска за маките кои ги има Масимилиано Алегри, а сега главоболки доби и Лучиано Спалети.
Фудбалерот на Рома Леандро Паредес ќе отсуствува од терените околу три недели и сигурно ќе го пропушти дербито со Лацио.
Рома ви своето соопштение потврди дека Паредес доживеа повреда на членот на левата нога и ќе паузира меѓу 15 и 20 дена.
Тоа значи дека ќе го пропушти дуелот со Лацио во наредниот викенд, а прашање е дали ќе биде спремен за дуелот со Јувентус кој е на програмата на 12 декември, како и со Милан пет дена подоцна.















