Ибра го пропушта дербито со Арсенал!


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Напаѓачот на Манчестер Јунајтед заработи жолт картон во мечот со Свонси кој е вкупно петти во оваа сезона во Англија.

    Златан Ибрахимовиќ нема да биде на располагање на Жозе Мурињо во мечот од 12 коло од Премиер лигата.

    Манчестер во наредната рунда ќе го дочека Арсенал во дербито на колото, но Ибра нема да биде во составот.

    Тој го заработи четвртиот жолт картон во оваа сезона во Премиер лигата, а имаше и една јавна опомена и во Лига купот, и сега заработи суспензија.

    Истата работа се закануваше и на Пол Погба, но Французинот успеа да го одигра целиот меч без јавна опомена.