До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Манчестер Јунајтед и покрај бројните засилувања ни во оваа сезона не бележат резултати дојстони за реномето на клубот од Олд Трафорд.
Црвените ѓаволи често се на мета на критичарите во Англија, така и во остатокот на светот, а еден во низата од тие кои дадоа свој коментар и е поранешниот англиски фудбалер Пол Мерсон.
Поранешниот играч на Арсенал „впери прст“ во Ибрахимовиќ и Погба, кој смета дека се премногу се изолирани од остатокот на тимот.
„Тие двајца ми изгледаат како да го игнорираат остатокот на екипата. Како цел натпревар да гледаат еден во друг и сите останати ги оставаат по страна“, рече Мерсон, кој потоа додаде:
“Не ссум дури ни сигурен ни во тоа дека моменталниот тим на Јунајтед има капацитет за ЛШ.
Видовме во ЛЕ, каде што играа со најсилниот тим а многу се мачеа“.















